Утрински Весник
Свет

Потпишан меморандум за заедничко истражување на руската и британската вакцина

Потпишан меморандум за заедничко истражување на руската и британската вакцина

Центарот „Гамалеј“, „Астра зенека“, Рускиот инвестициски фонд и компанијата „Р-фарм“ потпишаа меморандум за соработка во областа на борбата против коронавирусот, пренесува агенцијата РИА новости.

Претходно, директорот на Центарот Гамалеј, Александар Гинзбург, објави дека во блиска иднина ќе започне заедничко истражување за вакцината против коронавирус Спутник 5 и на вакцината на „Астра зенека“.

Доколку британски и руски научници успеат да ги комбинираат своите вакцини така што ќе го максимизираат одговорот на имунолошкиот систем, тоа ќе биде одлична вест за целиот свет бидејќи постои причина зошто вакцината на Оксфорд толку долго се чека.

„Астра зенека“ вети дека ќе ја продава својата вакцина на непрофитна основа сè додека трае пандемијата, па една нејзината доза ќе чини само четири долари. За споредба, една доза вакцина на „Фајзер“ чини 20 долари, а на „Модерна“ дури 34 долари. Затоа вакцините на „Астра зенека“ може да бидат единствената опција за инокулација на сиромашните земји.

Исто така, за разлика од вакцината на „Фајзер“, која мора да се замрзне на минус 70 степени, што ја отежнува нејзината дистрибуција, а во случај на најсиромашните земји тоа е практично невозможно, вакцината на „Астра зенека“ може да се чува во обичен фрижидер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина