Утрински Весник
Култура

„Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија

„ПОТОЧИЊА 2022“ и официјално ќе се одржи на 18ти и 19ти јуни во Македонска Филхармонија.

Новото претстојно издание на „ПОТОЧИЊА“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена.

По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „ПОТОЧИЊА 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.

Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.

Текстот „Поточиња 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“