Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Потоп“ за Пандев и Шевченко во дербито на Џенова

„Потоп“ за Пандев и Шевченко во дербито на Џенова
300x250 opst2

Џенова, со нови газди и со нов тренер во Андриј Шевченко, продолжи со поразите во Серија А, губејќи во славното „Дерби дела лантерна“, односно дербито на Џенова од Сампдорија со 1:3.

Горан Пандев, повторно ја доби довербата на Шевченко да биде стартер за „Грифоне“, меѓутоа, работите не одеа најдобро за најстариот фудбалски клуб во Италија, кој ќе се бори грчевито за опстанок. Маноло Габијадини уште во 7. минута донесе водство за Самп, пред Франческо Капуто да зголеми на 0:2 во 49. минута. Катастрофата за Џенова ја најави Габијадини во 67. минута, со својот втор гол за 0:3. Матија Дестро во 78. минута даде надеж за камбек на Џенова, но на крајот поразот не можеше да се избегне.

Ова беше првпат Сампдорија да ја победи Џенова во градското дерби по четири меча.

Џенова сега е на претпоследното место на табелата со 10 поени, два помалку од безбедната зона, додека Сампдорија, која во мечот влезе со претседател во затвор (Масимо Фереро беше уапсен за сомнителни бизниси и најави продажба на клубот), е на 14. место со 18 поени.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> „Потоп“ за Пандев и Шевченко во дербито на Џенова <

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг