Утрински Весник
Македонија

Потврдени 118 нови случаи со Ковид-19, починати четири, оздравени 74 пациенти

Потврдени 118 нови случаи со Ковид-19, починати четири, оздравени 74 пациенти

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5. Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58 г.) примен на 9 јуни, пациент (73 г.) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73 г.) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72 г.) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4,

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 2588, активни 1734
•       Куманово 703, активни 250
•       Дебар 83, активни 31
•       Штип 276, активни 186
•       Прилеп 235, активни 17
•       Тетово 558, активни 322
•       Струга 181, активни 101
•       Велес 169, активни 34
•       Битола 43, активни 14
•       Охрид 120, активни 100
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 87, активни 50
•       Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 12, активни 8
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 61, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 10
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 17, активни 15
•       Кичево 9, активни 6
•       Ресен 70, активни 69
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Клиника „Жан Митрев“ -179, Судска медицина-13 и Систина  со PCR метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53.248 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти од кои на кислородна поддршка се 46 пациенти, и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти од кои на респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 402
•       Аеродром – 136
•       Бутел – 138
•       Гази Баба – 150
•       Центар – 131
•       Карпош – 116
•       Сарај – 137
•       Кисела Вода – 98
•       Ѓорче Петров – 80
•       Студеничани – 86
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 49
•       Илинден – 31
•       Петровец – 16
•       Чучер Сандево – 15
•       Сопиште – 12
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-4. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот