Утрински Весник
Македонија

Потврдени нови 90 случаи со Ковид-19, починати девет, оздравени 48 пациенти

Потврдени нови 90 случаи со Ковид-19, починати девет, оздравени 48 пациенти

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6. Починати се девет лица од кои пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90 г.), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64 г.).

Во ГОБ „8 Септември“ починаа пациентка (70 г.) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни,  пациент (61 г.) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57 г.), примен на 17 јуни. На барање и со потпис на семејството од ГОБ „8 Септември“ е испишан пациент од Скопје (64 г.), кој е транспортиран до својот дом со возило на Брза помош, и починал по пристигнување. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на Ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во Клиничката болница во Тетово починати се две лица, пациент (60 г.), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70 г.), хоспитализирана на 15 јуни. Во Општата болница во Охрид вчера е починат пациент (64 г.), чиј позитивен резултат е потврден денеска.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•       Скопје 2.534, активни 1.721
•       Куманово 694, активни 241
•       Дебар 82, активни 30
•       Штип 275, активни 188
•       Прилеп 231, активни 18
•       Тетово 538, активни 326
•       Струга 180, активни 100
•       Велес 167, активни 33
•       Битола 42, активни 13
•       Охрид 112, активни 92
•       Кавадарци 11, активни 6
•       Гостивар 83, активни 50
•       Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 10, активни 6
•       Крива Паланка 11, активни 5
•       Радовиш 4,
•       Крушево 6, активни 3
•       Кочани 61, активни 27
•       Пробиштип 13, активни 10
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 6, активни 4
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 4, активни 2
•       Свети Николе 16, активни 14
•       Кичево 8, активни 5
•       Ресен 65, активни 64
•       Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, МАНУ -189, Клиника „Жан Митрев“ -106 и Систина  со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на Ковид-19.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти од кои на респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

•       Чаир – 394
•       Аеродром – 135
•       Бутел – 144
•       Гази Баба – 156
•       Центар – 137
•       Карпош – 116
•       Сарај – 137
•       Кисела Вода – 98
•       Ѓорче Петров – 83
•       Студеничани – 86
•       Шуто Оризари – 73
•       Арачиново – 55
•       Илинден – 31
•       Петровец – 14
•       Чучер Сандево – 16
•       Сопиште – 13
•       Зелениково-2
•       Странец – 4
•       Нераспределен-4. рп/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Нашето трпение е при крај“ – таткото на Надица Наунова со жесток напад кон судството за случајот „Пулс“

Обвинителството во Струга бара итни мерки за фирми осомничени за загадување на водата

Таткото на загинатата Надица со критики до Обвинителството и Кривичниот суд за случајот „Пулс“