Утрински Весник
Свет

Потврдени конечните резултати од изборите во Бугарија, Борисов има 75 пратеници

Потврдени конечните резултати од изборите во Бугарија, Борисов има 75 пратеници

партијата на премиерот Борисов освои 25,8 проценти од гласовите

Бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) ги објави конечните резултати од парламентарните избори во Бугарија одржани на 4 април и распределбата на местата во парламентот.

Водечка политичка сила останува конзервативната партија „Граѓани за европски развој“ (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов со 25,8 проценти од гласовите, по што следува партијата „Има таков народ“ со 17,4 проценти, додека Бугарската социјалистичка партија е на трето место со 14,79 процентии, јавува бугарската агенција БТА.

Следуваат „Движењето за права и слободи“ со 10,36 проценти од гласовите, „Демократска Бугарија“ со 9,31 процент и партијата „Исправи се! Мафија надвор!“ со 4,65 проценти од гласовите.

Како резултат на овие гласови, ГЕРБ освои 75 места во парламентот, „Има таков народ“ – 51, БСП – 43, „Движење за права и слободи“ – 30, „Демократска Бугарија“ – 27 и „Исправи се!“ – 14 места.

Во својата одлука, изборната комисија отстрани осуммина од списокот избрани пратеници кои изјавија дека не сакаат да влезат во парламентот.

Меѓу нив има шест кандидати од „Движењето за права и слободи“ и двајца од ГЕРБ, вклучувајќи го и сегашниот премиер Бојко Борисов.

Бугарското национално собрание брои 240 члена.

Можете да прочитате

„Гардијан“: 83 отсто од убиените во Газа се цивили

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа