Вирџил ван Дајк нема да настапи на ЕУРО 2020. Ван Дајк се уште се рехабилитира од тешката повреда на коленото. Поради повредата на лигаментите, Холанѓанецот, ја пропушти речиси целата сезона.
Ван Дајк, се повреди во октомври минатата година, во дуелот со градскиот ривал Евертон. Му страдаа лигаментите во коленото по еден невнимателен старт на голманот, на Евертон, Џордан Пикфорд.
Рехабилитацијата тече според планот, а според некои најави тој дури и би можел да се врати во тимот на Ливерпул. Што и да се случи холандскиот селектор, Франк Де Бур, нема да смета на неговите услуги на ЕУРО 2020.
„Што знаеме досега? Дека неговото враќање се очекува за осум недели. Не знам дали е тоа доволно. Разговарав со него, полека се враќа, но не верувам дека ќе одигра некои меч за Ливерпул оваа сезона. Ван Дајк е на вистинскиот пат, но јас верувам дека тој и клубот се подготвуваат за наредната кампања“, рекол Де Бур.
> Потврда од Де Бур – Ван Дајк нема да игра на ЕУРО 2020 <