Утрински Весник
Македонија

Постaвени нови сообраќајни знаци во близина на градинки и училишта во Центар

Постaвени нови сообраќајни знаци во близина на градинки и училишта во Центар
Dik 300x250 mk

Откако заврши поставувањето на подигнатите пешачки платоа, во општина Центар започна обнова на вертикалната сообраќајна сигнализација, во зоните на општинските основни училишта и детски градинки, информираат локалните власти.

Од таму додаваат дека заменети се старите и оштетени сообраќајни знаци на улиците Никола Тримпаре и Апостол Гусларот, во непосредна близина на основното училиште „Ј.Х. Песталоци“ и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември“; и на улицата 9 Мај, близу до градинката „Кочо Рацин“.

„Со поставувањето на сообраќајната сигнализација ќе се олесни движењето на граѓаните и возилата, децата безбедно ќе доаѓаат во градинките и училиштата, а значително ќе се подобри степенот на ориентација во овие зони“, се наведува во соопштението на општина Центар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање