Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари. При тоа, на средбата беа присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион.
Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е иста-контролирано управување со отпадот со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина. Владата и МЖСПП се целосно подготвени за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес , како што информираше Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.
Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање на интервентни мерки за која се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања.Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино. Брзите мерки значат набавака на контејнери за сите општини од Полошкиот регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино (ова опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонијата со поставување на ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот. Но за жал, овој дел делот од проектот со кој ќе санира состојбата со нестандардната депонија „Русино“ не може сеуште да се реализра заради не издавање на согласност за инфраструктурен проект од страна на општина Гостивар, како би можело да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. Во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино“ и со тоа не само што не го решаваме проблемот туку отвара нови проблеми за сите општини во регионот.
„При тоа е нагласена суштинската важност на усвојување на Регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, , вклучувајќи ја и Општина Гостивар што е предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот,. Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затварање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот.
Присутните, изразувајќи подготвеност за заедничко решавање на проблемот се согласија градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино и
регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање на нова локација во рок од пет години, да биде одобрен од сите општини во регионот.