Утрински Весник
Македонија

Постапката за набавка на лични документи е во тек, нагласи Петровска

Петровска: Заврши времето на партиски штабови во МВР

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име истакна дека согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек.

-Во интерес на вистинито информирање на граѓаните и спречување дополнителни тензии наметнати од непромислената изјава на техничкиот министер, побарав информација од службите во врска со нарачката на личните документи со новото уставно име и ме известија дека: согласно склучената Рамковна спогодба за јавна набавка за лични документи, а потоа и договор за нарачка според кој е исплатен аванс од 20 отсто од вредноста на договорот, постапката за набавка е во тек, напиша таа на нејзиниот Фејсбук .

Таа нагласи дека проектните тимови на МВР и Веридос се во постојана комуникација и работат на дефинирање на конечниот изглед.

Вели роковите за нарачка не се истечени, штом се дефинира конечниот изглед и истиот се одобри од страна на Управниот комитет и се уреди во подзаконски акт, ќе се потврди нарачката и обрасците ќе бидат испорачани.

-Истовремено, упатувам апел во иднина информациите кои ќе се изнесат во јавност да бидат проверени и потврдени од стручните служби во министерството, додава таа во статусот на Фејсбук. ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина