Утрински Весник
Свет

Поставен експлозив на влезот во станбен комплекс во Глифада – оштетени возила

Поставен експлозив на влезот во станбен комплекс во Глифада – оштетени возила

Рано утрово во Глифада, едно од најголемите предградија на Атина, експлодирала импровизирана експлозивна направа.

Експлозијата се случила нешто пред 04:00 часот пред станбен комплекс, јавуваат грчките медиуми.

Според грчкиот портал „Катимерини“, експлозивната направа непознати лица ја поставиле пред станбениот комплекс на улица „Оиноис“ бр.64 во раните утрински часови.

Во експлозијата се оштетени три возила и влезот во комплексот.

Пожарникарите излегле на местото на настанот, додека полицијата врши увид кој би можел да биде цел на нападот.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван