Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Денеска од 09.30 до 12.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Лазар Личеновски“, ул.„Самоилова“ и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8 Септември“ во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива вежбата.

Можете да прочитате

Поделени ставови пред српската амбасада во Скопје – Поддршка за студентите, но и критики

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот