Утрински Весник
Магазин

Портрети на австралиски домородни жени ја освоија наградатa „Тејлор Весинг“

Портрети на австралиски домородни жени ја освоија наградатa „Тејлор Весинг“

Фотографот Дејвид Причард ја освои овогодинешната престижна награда „Тејлор Весинг“ за неговите портрети на домородни жени во Австралија.

Неговата серија „Почит на домородните сточарки“ ги доловува оние кои поголемиот дел од својот работен век го поминале на станици за добиток во северен Квинсленд.

Причард им се заблагодари на субјектите за нивната доверба, велејќи дека тој е само алатка што им овозможува на жените да ги раскажат своите приказни.

Нему му беше доделена првата награда од 15.000 фунти во лондонскиот „Кромвел плејс“, новиот уметнички центар во јужен Кенсигтон, Лондон, во понеделникот.

Фотографот од Сиднеј (55), рече дека сака да фрли светлина на заедницата која главно е незабележана.

Теми со фокус на храброста во справувањето со неволјите, физичката позитивност и траумата што ја доживеале членовите на домородната заедница во Австралија беа во потесниот избор за овогодинешната награда за фотографија „Тејлор Весинг“.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027