Утрински Весник
Свет

Портпарол на Кремљ: Путин ќе ја информира јавноста ако ја прими вакцината

Портпарол на Кремљ: Путин ќе ја информира јавноста ако ја прими вакцината

Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе објави доколку одлучи да ја прими вакцината против коронавирусот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Доколку смета дека е потребно, ќе ја информира јавноста за тоа“, изјави Песков за агенцијата ТАСС.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот и ја нарече Спутник V, а меѓу јавните личности кои веќе ја примиле вакцината се министерот за одбрана Сергеј Шојгу, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски и белорускиот премиер Роман Головченко.

Во средината на август, Путин објави дека ваквата вакцина ја примила и една од неговите ќерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Употребата на руската ракета „Орешник“ во Украина е опасна и необјаснива ескалација

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД