Утрински Весник
Свет

Портпаролот на грчката влада ги повика граѓаните да не се опуштаат за време на Божик

Портпаролот на грчката влада ги повика граѓаните да не се опуштаат за време на Божик

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, ги повика граѓаните низ целата земја да не покажуваат самозадоволство и да продолжат да се придржуваат кон мерките за заштита за време на празниците.

„Собирите во затворен простор попрво можат да станат прослава на вирусот отколку на нас“, истакна Пецас, пренесе АНА.

Според него, нема простор за експериментирање.

„За време на празниците мора да бидеме со истите луѓе, најмногу со уште едно семејство“, рече портпаролот на грчката влада на брифинг со новинарите.

Пецас истакна дека новата програма ќе стапи на сила вечерва, а како дел од неа ќе бидат направени 12.000 тестови на случајни примероци низ целата земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД уништиле само една третина од ракетниот арсенал на Иран?

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон