Вечерва ќе ги добиеме првите учесници во четврт-финалето, во Лигата на шампионите. Во Торино и Дортмунд ќе се одиграа реванш натпреварите помеѓу Јувентус и Порто, односно Борусија и Севилја.
Јувентус, против Порто, брка гол негатива. Првиот меч, пред три недели, им припадна на Порто со 2:1. Евентуалната елиминација ќе биде вистинска катастрофа за „старата дама“. Јувентус се во серија на добри резултати, на домашен терен, на последните седум натпревари имаат исто толку победи.
Од друга страна Порто има добри резултати кога гостува, на последните 15 натпревари екипата на Сержо Консеисао има само еден пораз.
Овие два тима, во 2017 година играа се сретнаа во осмина-финалето, Јувентус забележаа две победи, 1:0 во Торино и 2:0 во Порто.
Борусија, во Дортмунд, со предност од 3:2 ќе ја пречека Севилја. Пред три недели, Ерлинг Халанд со два гола и асистенција го реши натпреварот. Голот на Лук Де Јонг, постигнат на десет минути до крајот на првиот меч, ѝ дава надеж на Севилја дека ќе може да го надомести минусот.
Дортмунд се во добра форма, исклучок е саботниот меч со Баерн, кога се самоуништија и по предноста од 0:2 забележаа пораз 4:2.
Проблем за „милионерите“ ќе биде неиграњето на Џејдон Санчо, додека под знак прашалник се Рафаел Гереиро и Џовани Рејна.
Севилја се наоѓа во лоша форма, има четири порази на последните пет натпревари. Особено болна за тимот на Хулен Лопетеги беше елиминацијата од Барселона, во полу-финалето на Купот.
За да избори пласман во наредната фаза, на Севилја и треба победа од два гола разлика, или победа со гол разлика, но со најмалку четири постигнато гола.
Натпреварите во Торино и Дортмунд ќе започнат во 21 часот.
> Порто и Борусија бранат гол предност <