Утрински Весник
Македонија

Поранешната мини депонија кај стариот градски пазар во Делчево партерно преуредена

Поранешната мини депонија кај стариот градски пазар во Делчево партерно преуредена

Делчево, 21 јуни 2020 (МИА) – Заврши партерното уредување на просторот кај стариот градски пазар во центарот на Делчево. Со реализација на оваа активност како што информираа од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ чии екипи работеа на уредувањето, просторот доби нов лик наспроти поранешниот изглед на мини депонија.
-Екипи на ЈКП „Брегалница“ во изминатиот период интензивно работеа на партерно уредување на просторот со површина од 220 м2.  Со механизација и рачно се раскопуваше стариот бетон и плочките кои беа доста оштетени, а на нивно место се поставија бехатон плочки, информираат од претпријатието
Дополнително како што додаваат просторот е разубавен и хортикултурно.
-Во делот на хортикултурното уредување засадени се садници, цвеќиња, поставена е урбана опрема, со што целосно е уреден овој простор, додадоа надлежните.
Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали кои за поврзување со главната улица „Маршал Тито“. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор