Утрински Весник
Свет

Порака од Кабул до Америка: Ако не се повлечете, ќе има војна

Порака од Кабул до Америка: Ако не се повлечете, ќе има војна

Талибанците го отфрлија можното повлекување на американските трупи од Авганистан, изјави нивниот портпарол.

„Нашите борци никогаш нема да се согласат на продолжување“, рече портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид.

„НАТО, Америка и сите страни дојдоа до заклучок дека ако сакаат да ја надминат сегашната криза, единственото добро решение е да се спроведе потпишаниот договор“, додаде тој на почетокот на 2020 година.

Тогаш САД ветија дека ќе ги повлечат своите трупи до 1 мај 2021 а исламистите ветија дека ќе преговараат за мир со авганистанската влада.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот изјави дека членките на Алијансата ќе продолжат со својата мисија во Авганистан се до ново известување.

„Како што се приближува крајниот рок од 1 мај, сојузниците ќе продолжат со консултациите во следните неколку недели“ за идното присуство во Авганистан“, изјави Столтенберг.

Според него, целта на НАТО останува и таа е никогаш повеќе да не дозволи Авганистан да стане безбедно прибежиште за терористите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња