Утрински Весник
Свет

Порака на Горбачов до идниот претседател на САД: Ситуацијата е загрижувачка, мора да се сретнете со Путин

Горбачов: Лукашенко направи една грешка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов го повика идниот победник на претседателските избори во САД да се состане со Владимир Путин без одлагање.

Поранешниот советски лидер изрази страв дека трката со нуклеарно вооружување може да излезе од контрола, објави „Тајмс“.

„Ситуацијата е многу загрижувачка. Без оглед на резултатот од изборите, треба да го обновиме дијалогот за да излеземе од сегашната замрзната состојба. Потребен е силен импулс од претседателите на двете земји”, рече Горбачов.

Тој исто така смета дека Русија и САД треба да организираат „втор Рејкјавик“, алудирајќи на својата средба со Роналд Реган во Исланд во 1986 година.

„Односите меѓу Советскиот Сојуз и САД беа многу покомплицирани во средината на 80-тите години отколку денес. Сепак, тогаш успеавме да најдеме излез со помош на доверба, разбирање и градење меѓусебни односи”, истакна поранешниот советски претседател.

Тој истакна дека е особено загрижен за американските планови за производство на ново нуклеарно оружје.

Претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп се кандидира за втор мандат, а негов главен противкандидат е Џо Бајден – демократски кандидат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати