Утрински Весник
Свет

Воспитувачка којашто труеше деца во Кина осудена на смртна казна

Воспитувачка којашто труеше деца во Кина осудена на смртна казна

Учителка од Кина е осудена на смртна казна затоа што затрула 25 деца во градинката каде што работела, од кои едното починало, пишува Би-би-си.

Воспитувачката Ванг Јун беше уапсена минатата година кога деца од градинка во градот Џиаозуо завршија во болница затоа што им се слошило откако јаделе каша за појадок.Потоа 23 деца почнале да повраќаат и ја изгубиле свеста откако појадувале.

Судот утврди дека воспитувачката ставила натриум нитрит во појадокот на децата на друг учител, со којшто имала расправии.

Ова не и било прв пат на Ванг Јун да труе некого, бидејќи судењето покажа дека таа претходно го ставила истиот отров во храната на нејзиниот сопруг, кој поминал со мали потешкотии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон првпат призна недостиг од муниција во војната против Иран

Захарова: Западните политичари треба да направат процени на ризик при посетите на Украина

Катар предупреди дека евентуалното затворање на Баб ел-Мандеб би имало катастрофални последици за светската економија