Утрински Весник
Свет

Поради свадба, цело хрватско министерство е во изолација

Поради свадба, цело хрватско министерство е во изолација

Сите функционери на хрватското Министерство за наука и образование, предводени од министерката Блаженка Дивјак, добија упатства од епидемиолозите денес да се изолираат и да се тестираат за вирусот ковид 19, откако беше откриено дека државниот секретар од Министерството е позитивен за вирусот.

Во соопштението на Министерството се вели дека министерката Дивјак ја добила оваа инструкција во консултација со епидемиолозите, како и со сите функционери на Министерството, откако државниот секретар Ивана Франшиќ откри дека е позитивна.

Хрватските медиуми објавија дека Франсиќ била на свадба во Задар, по што не била тестирана, а по враќањето во Загреб, учествувала на колегиум во Министерството и на други состаноци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток