Утрински Весник
Свет

Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер

Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер

Над Лаи Ксијаомин, поранешен директор на кинеска државна компанија, денеска беше извршена смртна казна откако тој беше осуден за мито.

Ова е една од најстрогите казни изречени кога станува збор за корупција.

Ксијаомин (58) бил шеф на компанијата „Хуаронг Ашет менаџмент ко“, а судот во градот Тјенѓин на северот од Кина, на почетокот на месецов донесе одлука за смртна казна.

Судот ја потврди оправданоста на смртната казна, затоа што Лаи според обвинението, зел исклучително голема сума пари.

„Лаи Ксијаомин е осуден за примање или барање мито во вкупен износ од 276,72 милиони долари во периодот од 2008 до 2018 година кога бил и висок банкарски функционер“, посочи во образложението Народниот суд во Тјенѓин.

Повеќето од смртните казни донесени од кинеските судови се суспендирани на две години и се претвораат во доживотни казни, па смртните казни без можност за жалба се ретки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија