Утрински Весник
Македонија

Поради превртено тешко моторно возило во прекин сообраќајот на патот Штип – Миладиновци

Поради превртено тешко моторно возило во прекин сообраќајот на патот Штип – Миладиновци

Денес од 16:00 часот поради превртено тешко моторно возило сообраќајот за камиони e во прекин на патниот правец Штип – Миладиновци, соопшти АМСМ.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Гостивар, Дебар, Крушево, Кичево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Неколку лица повикани на разговор во полициска станица во врска со инцидентот во Куманово

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС)

АА: Додека го напаѓа ВМРО ДПМНЕ, знаеме дека претседателот Арбен Таравари е на вистинскиот пат!