Утрински Весник
Македонија

Поради „Парада на гордоста“ утре во Скопје изменет сообраќаен режим

Поради „Парада  на гордоста“ утре во Скопје изменет сообраќаен режим

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Притоа, предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец“, која започнува во 12.00 часот е по ул.„Димитрије Чуповски“, свртување на ул.„Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17.00 часот.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можете да прочитате

Миноски: Без мерките на Народната банка, Алта можеше да се соочи со масовно повлекување на депозитите

Миноски: Алта банка е ликвидна, но проблемите со сопственикот ја разнишуваат довербата

СДСМ од Битола: Граѓаните се во неизвесност и без пензии по скандалот со Алта банка