Утрински Весник
Свет

Поради падот на мрежите Цукерберг загуби повеќе од 6 милијарди долари

Поради падот на мрежите Цукерберг загуби повеќе од 6 милијарди долари

Поради падот на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“, богатството на Марк Цукерберг, се намали за повеќе од шест милијарди американски долари за неколку часа, пишуваат светските медиуми.

Најпрво се урнаа социјалните мрежи и услугите за пораки во сопственост на „Фејсбук – Инстаграм“, „Ватсап“ и „Фејсбук-Месинџер“, а потоа слични проблеми на корисниците беа пријавени на Амазон, Тикток, Снепчет и други, пренесуваат агенциите.

Според странските медиуми, десетици илјади корисници ширум светот останале без интернет конекција.

Кон крајот на септември, беше објавена изјава од хакерскиот форум, за која се тврди дека поседува имиња, адреси за е -пошта, телефонски броеви, локација, пол и корисничка легитимација на 1,5 милијарди корисници на Фејсбук, објавија неодамна одредени портали.

Можете да прочитате

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара