Утрински Весник
Свет

Поради новиот бран на коронавирус, Осака пред колапс, лекарите преморени, нема болнички кревети

Поради новиот бран на коронавирус, Осака пред колапс, лекарите преморени, нема болнички кревети
Dik 300x250 mk

Болниците во јапонскиот град Осака се под голем притисок поради новиот бран на коронавирус и се соочуваат со недостаток на слободни болнички кревети и респиратори.

Исцрпените лекари предупредуваат на „колапс на системот“ и советуваат откажување на Олимписките игри ова лето.

Ваквата состојба на брзо ширење на коронавирусот со која здравствениот систем во Осака се најде во толку тешка ситуација ги покажа сите предизвици за организирање на Олимпијадата за два месеци, а причината дополнително беше и тоа што само околу половина од јапонскиот медицински персонал беше вакциниран.

„Едноставно кажано, ова е колапс на медицинскиот систем“, рече директорот на универзитетската болница „Киндаи“ во Осака.

Четвртиот бран на пандемија особено ја погоди префектурата Осака, каде минатата недела до четвртокот беа потврдени 3.849 нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од пет пати во споредба со периодот пред три месеци.

Само 14 проценти од 13.770 пациенти со Ковид-19 во префектурата Осака биле хоспитализирани, а повеќето биле оставени сами на себе.

До четвртокот, 96 проценти од болничките кревети наменети за сериозно болни лица беа зафатени, а од почетокот на март 17 лица кои страдаа од Ковид-19 починаа надвор од болниците.

Можете да прочитате

Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето

Драма на небото: Изби пожар во авион на 10.000 метри (ВИДЕО)

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи