Утрински Весник
Свет

Поради најавите од силно невреме се затвораат училиштата и парковите на југот на Италија

Поради најавите од силно невреме се затвораат училиштата и парковите на југот на Италија

Поради претстојното невреме, училиштата и гробиштата низ јужна Италија се затворени како дел од мерките на претпазливост.

Градоначалникот на Неапол, Гаетано Манфреди одлучи да ги затвори повеќето гробишта и паркови поради опасност од паѓање на дрвја и паѓање гранки, се вели во наредбата на градските власти.

Училиштата на популарниот туристички остров Искија во Неаполскиот залив ќе останат затворени, објави градоначалникот Енцо Ферандино.

Цивилната заштита го подигна нивото за ризик од катастрофи за јужната италијанска провинција Кампанија.

Пожарникарите на Сардинија 50 пати излегле на терен на западниот брег на островот поради невремето во последните 12 часа.

Од поплавите беше погоден и регионот Ористано на Сардинија.

Властите исто така предупредуваат на можна поплава во Венеција во подоцнежните вечерни часови. Околу 60 отсто од пешачките површини се очекува да бидат под вода, пренесуваат италијанските медиуми.

Се очекува градот да го активира својот 18-часовен систем за заштита од поплави.

Системот се состои од 78 бариери кои градот може да ги подигне на три влеза и е во функција од 2020 година.

Можете да прочитате

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа

Пилотите на авионите што го бомбардираа Иран летале 37 часа без прекин