Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Поради Навални, Америка и Британија воведоа санкции против седум Руси

Поради Навални, Америка и Британија воведоа санкции против седум Руси
300x250 opst2

Британија воведе санкции против седуммина офицери на Руската Федерална служба за безбедност за кои се верува дека биле вмешани во инцидент со водечкиот опозициски лидер Алексеј Навални, соопшти Министерството за надворешни работи.

Соединетите Американски Држави се приклучија кон санкциите што ги воведе Велика Британија против седум руски офицери на ФСБ, се наведува во заедничкото соопштение на Стејт Департментот.

Во документот се наведува дека се воведени санкции за Алексеј Седов, Кирил Василиев, Станислав Макшаков, Владимир Богданов, Алексеј Александров, Иван Спиридонов и Владимир Пањајев.

Ова значи дека нивните банкарски сметки се замрзнати и дека им е забранет влез во Велика Британија и САД, пренесуваат руските агенции.

„Александров беше оперативец на криминалната единица што е присутна во Томск, каде што Навални беше отруен“, се наведува во записот.

„Доказите, вклучувајќи телефонски и патни записи, покажуваат дека Алексеј Александров бил еден од оперативците вклучени во употребата на хемиско оружје во обидот за атентат врз рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на неговата посета на Сибир во август 2020 година“, се додава во документот.

Навални беше префрлен на лекување на Германија откако беше отруен со нервен агенс во Сибир на 20 август минатата година, сметаат западните експерти.

Москва ги отфрли нивните наоди и го обвини Западот за кампања за клевета.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож