Чешки официјални лица ги испитуваат постапките на граничната полиција откако вчера неколку часа задржаа 140 патници на прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“ под сомнение дека фалсификувале тестови за коронавирус, пренесуваат агенциите.
Сите биле принудени повторно да бидат тестирани на коронавирус пред да влезат во Чешка.
Чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек најави дека ќе се испита дали полициските службеници постапиле правилно.
Патниците, скоро сите Чеси и претежно семејства со деца, се враќаа од одмор од Тунис со два авиона. Според тур-операторот, патниците во Тунис биле тестирани од чешки лекар според чешки стандарди пред да влезат на летот за дома.
Граничната полиција соопшти дека се неопходни мерки на претпазливост затоа што патниците влегле неколку пати со фалсификувани резултати од тестови.
Но, ова е прв пат сите патници на летот, да бидат тестирани повторно, пишуваат чешките медиуми.