Утрински Весник
Македонија

Поради дефект жителите од повисоките делови на Македонска Каменица без вода за пиење

Поради дефект жителите од повисоките делови на Македонска Каменица без вода за пиење
Dik 300x250 mk

Македонска Каменица, 2 март 2020 (МИА) – Жителите на повисоките делови на Македонска Каменица од утрово се без вода за пиење. Од Јавното претпријатие информираат дека прекинот на водоснабдувањето е поради проблеми на главната водоводната линија.
-Поради дефект на главната водоводна мрежа ги известуваме граѓаните на Македонска Каменица дека делови од висока зона во градот ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Екипите се веќе на терен и работата на санирање на дефектот. Очекуваме во текот на денот состојбата со водоснабдувањето да биде нормализирана, велат од ЈП „Камена Река”.
Додаваат дека по санирањето на дефектот ќе биде извршен третман за дезинфекција на водата поради што препорачливо е истата да не се користи во првите часови по санирањето на дефектот.
Од претпријатието дополнија дека во насока на обезбедување чиста вода за пиење во градот и селските средини досега се изградени шест од предвидените 10 хлоринатори, со кои на жителите од селските средини ќе им биде обезбедена чиста и здрава вода за пиење. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција

Виничанец нападнал полицаец со дрвен предмет во угостителски објект