Утрински Весник
Спорт

Поради вчерашните пцовки пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија

Поради вчерашните пцовки пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, одлучи да не го стави во составот Илија Несторовски за мечот со Германија, кој синоќа по постигнувањето на голот против Лихтенштајн се упати кон една од камерите и искажа вулгарни зборови.

„Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното:

Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија“, соопшти Ангеловски.

Напаѓачот од Удинезе, на вчерачниот натпревар против Лихтенштајн го постигна петтиот гол, па реагираше бурно, а по мечот истакна дека поракта која ја упатил е за три личности кои во изминатите денови му се заканувале нему и на семејството.

Сепак, многумина пред малите екрани сфатија како пораката да е упатена кон пошироката јавност, која во изминатиот период, а особено по натпреварот со Романија, упати критики за играта на македонскиот репрезентативец.

Македонскиот национален тим ќе гостува во Германија на 31 март.

> Поради вчерашните пцовки пред камерите, Несторовски нема да игра против Германија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина