Утрински Весник
Македонија

Попладне дестабилизација на времето, грмежи и дожд со можна појава на град

Вечер нестабилно со пороен дожд, утре облачно и значително посвежо

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) –  Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, најавуваат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.

Во Скопје од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

ОД УХМР најавуваат дека и во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена
облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер. сст/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!

Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

Стравична број на прекршоци на автопатот Скопје-Тетово: Камерите во тест фаза бележат илјадници прекршоци дневно