Утрински Весник
Македонија

Попладне врнежливо време со силен ветер

Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Под влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.

Врнежите во текот на ноќта и утре ќе се поинтензивни, повремено пообилни (над 25л/м2) во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.

Утре во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 10 до 15 степени.фф/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари

Меџити: Ќе се преземе се што е потребно за санирање на еколошките штети по пожарот во Трубарево

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда