Утрински Весник
Свет

Помпео во посета на земјите кои му честитаа на Бајден

Помпео во посета на земјите кои му честитаа на Бајден
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мајкл Помпео денеска ја започна посетата на државите во Европа и Блискиот исток, чии лидери ја честитаа победата на Џо Бајден на изборите во САД.

Државниот секретар на САД на ова патување тргна без да го признае поразот на Доналд Трамп.

Помпео ќе посети седум држави за да ги нагласи приоритетите на администрацијата на Трамп, посебно нејзината антикинеска и антииранска политика, а ќе ги посети и еврејските населби на Западниот брег, кои претходните секретари ги избегнуваа.

За време на еднонеделната турнеја во седум земји, Помпео ќе замине во Франција денес, а потоа во Турција, Грузија, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Саудиска Арабија. Лидерите на сите овие земји му ја честитаа Бајден на победата на претседателските избори.

Четири од тие земји – Франција, Турција, Грузија и Катар – имаа трнливи односи со администрацијата на Трамп и не е јасно дали Помпео ќе се појави во јавноста со некој од нивните лидери.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД