Утрински Весник
Спорт

Полјаците се откажаа од ММА-мечот на двојниците на Путин и Зеленски

Полјаците се откажаа од ММА-мечот на двојниците на Путин и Зеленски

Полската ММА-организација се откажа од можноста да промовира меч во кафезот помеѓу двојници на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по бурните реакции во јавноста.

Актерот Антони Кроликовски, кој го најави мечот меѓу Умит (двојникот на Путин) и Славек (двојникот на Зеленски), вели дека добиле илјадници пораки и дека мечот нема да се одржи.

„Се извинувам што нашата иницијатива предизвика толку емоции. Ја сфаќам загриженоста, но ветувам дека иницијативата ќе донесе помош за Украина и нема да има вистинска битка на двојници“, изјави Кроликовски.

> Полјаците се откажаа од ММА-мечот на двојниците на Путин и Зеленски <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина