Утрински Весник
Спорт

Полјаците не сакаат да играат во Москва против Русија

Полјаците не сакаат да играат во Москва против Русија

Полска не сака да игра во Москва, против Русија, во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

„Поради моменталната ситуација нашите спортисти не би требало да одат во Русија“, рекол министерот за спорт во Владата на Полска, Камил Боротинчук.

Победникот од овој дуел, кој на програмата е на 24.март, во финалето ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу Шведска и Чешка.

По ова прашање засега нема реакцијата од ФИФА и УЕФА.

> Полјаците не сакаат да играат во Москва против Русија <

Можете да прочитате

Зверев ја освои првата титула на УС опен

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови