Утрински Весник
Свет

Полскиот претседател стави вето на контроверзниот закон за медиуми

Полскиот претседател стави вето на контроверзниот закон за медиуми

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, соопшти дека ставил вето на контроверзниот предлог-закон за медиумите бидејќи ја споделува загриженоста на Полјаците за слободата на говорот, а потпишувањето на законот, како што рече, ќе ги наруши односите со САД, еден од клучните сојузници на Варшава.

Законот, кој неочекувано брзо помина низ парламентот овој месец, ќе ги заостри правилата за медиуми во странска сопственост, што особено ќе влијае на продолжувањето на работата на информативниот канал ТВН24, која е во сопственост на американската медиумска компанија, „Дискавери Инк“.

„Верувам дека, општо земено, ограничувањето на сопственоста на удел или акции во медиумските компании, кога станува збор за странски капитал, е разумно (…) Го делам мислењето дека тоа треба да се воведе во Полска, но во иднина“, рече Дуда.

Предлог-законот и неговите измени, објасни претседателот, се однесуваат на субјекти кои се веќе присутни на пазарот, а тука е и прашањето за медиумскиот плурализам, слободата на говорот.

„Кога ја донесов одлуката, се водев од тие прашања“, изјави Дуда.

Владејачката конзервативна Партија на правото и правдата тврди дека законот има за цел да ги спречи земјите како Русија и Кина да влијаат врз полските медиуми.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk