Утрински Весник
Свет

Полска ја укинува забраната за летови од Србија, но не и од Македонија

Полска ја укинува забраната за летови од Србија, но не и од Македонија

Полска ја укинува забраната за летови од Србија оваа недела, но ограничувањата ќе продолжат да важат до 8 септември за некои земји, вклучително и за Македонија и Црна Гора.

Според „Екс-ју авиејшн“, Полска додава 20 земји на својата листа на забранети летови, на која има вкупно 63 земји, вклучувајќи ги Шпанија, Белгија, Малта и Романија.

Заедно со Србија, забраната е укината за Кина, Сингапур, Русија, Габон и за Сао Томе и Принсипе.

Одлуката стапува на сила во среда.

Тоа ќе и овозможи на полската авиокомпанија ЛОТ да ги обнови летовите кон Белград, додека другите прописи и ограничувања остануваат во сила, пренесува Б92.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маѓар ќе ја проверува финансиската поддршка што Орбан ја давал за Унгарците во Србија

Двајца агенти на ЦИА убиени во Мексико, едниот влегол како турист, другиот како дипломат

Трамп се откажа од преговорите со Иран