Утрински Весник
Свет

Полска почнува да гради ограда на границата со Белорусија

Полска почнува да гради ограда на границата со Белорусија

Полската гранична стража денеска потпиша неколку договори за изградба на заштитна ограда на границата со Белорусија, од каде минатата година речиси 40.000 мигранти се обидоа да влезат во Полска.

Граничната стража денеска потпиша три големи договори за изградба на оградата“, соопшти заменик министерот за внатрешни работи и администрација на Полска, пренесува РИА Новости.

Оградата ќе биде долга 186 километри, ќе се гради на четири локации истовремено, а ќе има 22 порти кои ќе овозможуваат минување на животните.

Планирано е оградата да биде висока пет метри, а современата опрема ќе вклучува и дневни и ноќни камери за надзор и сензори за движење.

Можете да прочитате

Орбан ја обвини Украина дека се меша во унгарските избори

Биткоинот со цена од 88.000 долари

„Телеграф“: Русија преку измама регрутира илјадници Африканци за војната во Украина