Полска ѝ предаде на Украина 232 тенкови Т-72М1, преносни противвоздушни ракетни системи, повеќецевни ракетни системи и хаубици, соопшти денеска Вишеградската група.
„Одлуката на Полска да префрли 232 свои тенкови Т-72М1 значи дека Полска е на второ место како земја, по САД, кои и пружија најголема воена помош на Украина“, пренесе агенцијата РИА Новости.
Poland has donated 232 modernized T-72M1 tanks to Ukraine.
???? pic.twitter.com/YiwhcPWYY3
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 30, 2022
Се додава дека полската помош вклучува и MANPADS, MLRS, беспилотни летала и хаубици.
Оваа информација индиректно ја потврди шефот на кабинетот на премиерот на Полска, Михал Дворчик на „Твитер“.