Утрински Весник
Економија

Полска го раскина договорот за гас со Русија

Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.

„ Полска го раскина меѓудржавниот договор Јамал од 1993 година. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер“, објави Москва на Твитер.

Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.

Газпром тогаш ѝ порача на полската државна гасна компанија PGNiG, исто како и бугарскиот еквивалент Булгаргаз, да го прекине снабдувањето со гас.

Тоа се две земји кои беа многу зависни од рускиот гас. Русија одлучи да го прекине снабдувањето со гас за нив кога тие земји одбија да го платат рускиот гас во рубли, што Москва го побара откако Западот воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Можете да прочитате

Додека светот бара бакар, Македонија го чува својот под земја

СДСМ: Се најавуваат мерки за намалување на цените, граѓаните имаат “чувство” – следува ново поскапување

Најповолна понуда за повикот за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење дале од IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со EVN