Утрински Весник
Економија
Img 7972

Полска го раскина договорот за гас со Русија

300x250 opst2

Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.

„ Полска го раскина меѓудржавниот договор Јамал од 1993 година. Руската агресија врз Украина потврди дека одлуката на полската влада да биде целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер“, објави Москва на Твитер.

Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.

Газпром тогаш ѝ порача на полската државна гасна компанија PGNiG, исто како и бугарскиот еквивалент Булгаргаз, да го прекине снабдувањето со гас.

Тоа се две земји кои беа многу зависни од рускиот гас. Русија одлучи да го прекине снабдувањето со гас за нив кога тие земји одбија да го платат рускиот гас во рубли, што Москва го побара откако Западот воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата