Утрински Весник
Свет

Полска го критикува Шолц за разговорот со Путин

Полскиот заменик министер за надворешни работи Симон Синковски Вел Сек остро го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц за разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

Полската влада ги смета за бесмислени телефонските разговори меѓу канцеларот Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон со Путин, изјави тој за германскиот јавен сервис АРД.

„Наместо да патува за Киев, Шолц речиси редовно му се јавува на шефот на Кремљ по телефон. Тоа не и носи ништо на Украина, туку напротив само и помага на Русија“, смета заменик-шефот на полската дипломатија.

Можете да прочитате

Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши

Руски борбен авион влезе во воздушниот простор на НАТО

Трамп: Очекував поголем пораст на цените на нафтата, не е толку лошо