Утрински Весник
Свет

Полска воведува полициски час за да го спречи дочекот на Нова година на улиците

Полска воведува полициски час за да го спречи дочекот на Нова година на улиците
Dik 300x250 mk

Полска воведува полициски час на новогодишната ноќ од 19 до 6 часот наутро за да го спречи дочекот на отворено, а од 28 декември до 17 јануари, за време на распустот, воведува таканаречен национален карантин, кога на домашните забави може да има најмногу до пет лица покрај семејството на домаќинот.

„Искрено, моето срце крвари кога треба да донесеме одлуки за натамошни ограничувања, но ги воведуваме затоа што сме сигурни дека доцнењето ќе нè чини многу, многу повеќе од загубите поради тие ограничувања“, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервју за неделникот „Газета полска“.

Моравјецки објасни дека ограничувањата се воведуваат поради подготовките за масовна вакцинација на Полјаците против коронавирус на крајот на јануари и почетокот на февруари и затоа што третиот бран на пандемијата на ковид-19 сè уште реално се заканува во јануари и февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

Берлин доби уверување од САД за изземање од санкциите за руската нафта

Трамп во Јапонија танцуваше со војниците