Полската полиција не сакаше реприза на немилите случувања во Загреб кога се судрија навивачите на Динамо Загреб и Легија Варшава и не им дозволи на речиси 200 члена на „Бед блу бојс“ да влезат во полската престолнина пред вечерашниот меч (21 часот).
Според хрватските медиуми, полската полиција успеала да ги сопре навивачите на самиот влез во Варшава и со брза организација да спречи 40 возила да влезат во градот.
„Толку блиску“, напишаа навивачите на социјалните мрежи.
???? So close #Legia #badblueboys pic.twitter.com/N7dDLsFm7G
— Zona Dinamo (@ZonaDinamo) August 10, 2021
> Полската полиција ги стопира членовите на „Бед блу бојс“ пред Варшава <