Гостивар, 6 март 2020 (МИА) – Со првата проба и собирот на актерската екипа, беше означен и официјалниот почеток на подговтовките на првата претстава на Театарот Гостивар за оваа сезона.
Станува збор претстава што ја режира Андреј Цветановски по текстот на „Полковникот птица“ на Христо Бојчев ќе биде изведена на македонски јазик.
На почетокот на подготовките присуствуваше и министерот за култура Хусни Исмаили кој ја истакна мултиетничноста на средината како Гостивар и напомена дека Министерството ќе вложува напори и како што рече, сите да се претстават културите и јазиците на сите етникуми.
Директорот на театарот, Висар Вишка појасни дека оваа претстава е прва која се подготвува на македонски јазик и ќе биде првата за новата сезона.
За преставата, режисерот Андреј Цветановски напомена дека тоа ќе биде траги-комедија која ја дефинира како своевидна „ода на лудоста“ и притоа се заблагодари на можноста да работи со екипата ан гостиварскиот театар.
Во текстот на „Полковникот птица“, бугарскиот драматург Бојчев опишува животот на група пациенти во психијатриска болница. Откако ќе се пријават во релевантни европски институции, меѓу кои и во Европскиот парламент, а нема да добијат поддршка, ќе се вратат резигнирани во психијатриската клиника за да продолжат да го живеат својот изолиран живот.
Текстот „Полковникот Птица“ беше првпат поставен на сцена во Македонија во 1998 година, во продукција на Народниот театар од Прилеп.
Најмладиот државен театар во Македонија е првата претстава ја имаше пред три месеци. згм/нд/