Утрински Весник
Македонија

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.

Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.

Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.

Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации