Утрински Весник
Македонија

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица поради тепачката пред слаткарницата во Центар Жупа

Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица поради тепачката пред слаткарницата во Центар Жупа

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, полицијата поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар.

„Тие, на 18 август околу 22 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и, користејќи тврди предмети, физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа“, велат од МВР.

Повредените беа предесени со тешки телесни повреди во Општата болница во Дебар.

Можете да прочитате

СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето” на Мијалков која беше дел од бомбите

Кривична за три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец