Утрински Весник
Свет

Полицијата не го испитувала британскиот премиер за забавите во Даунинг стрит

Полицијата не го испитувала британскиот премиер за забавите во Даунинг стрит
Dik 300x250 mk

Полицијата не го испрашуваше британскиот премиер Борис Џонсон за серија прослави одржани во неговата резиденција на Даунинг стрит за време на „локадаун“, изјави портпаролот на премиерот.

Тој додаде дека кабинетот на Џонсон сè уште не го добил извештајот од внатрешната истрага за можни прекршувања на изолацијата, спроведена од високиот државен службеник Сју Греј.

Премиерот денеска изјави дека интерниот извештај во целост ќе го објави кога ќе биде готов.

Британската полиција во вторникот соопшти дека ги истражува наводите за серија настани одржани во канцелариите на премиерот Борис Џонсон во Даунинг Стрит за време на заклучувањето, откако добила докази од внатрешна владина истрага.

Кабинетот на Џонсон негираше дека е организирана забава и за ITV News соопшти дека група вработени кои работеле во резиденцијата на премиерот тој ден накратко се собрале во кабинетот по состанокот за да му го честитаат роденденот на премиерот.

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени