Утрински Весник
Спорт

Полицијата ги истражува заканите кон Алиоски и Пепе

Полицијата ги истражува заканите кон Алиоски и Пепе

Езџјан Алиоски е тема на денот во англиската јавност. Македонскиот репрезентативец одигра речиси совршен натпревар за Лидс јунајтед против Арсенал и успеа да изнуди црвен картон за Никола Пепе.

Денес неговиот клуб, откри дека Алиоски добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, поради што ја алармирале полицијата. Навредливи пораки добивал и фудбалерот на Арсенал, Пепе.

„Клубт нема да толерира вакви закани кои на социјалните мрежи им се упатени на Алиоски и Пепе, по вчерашниот натпревар. Ќе работиме со полицијата и фудбалските власти за да ги идентификуваме и казниме виновниците“, соопшти клубот на Алиоски, Лидс јунајтед.

> Полицијата ги истражува заканите кон Алиоски и Пепе <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност